Претседателката на Молдавија, Маја Санду, вечерва изјави дека потегот на Европската унија да и додели кандидатски статус на нејзината земја е историски ден.
Таа додаде дека Молдавија е пред тежок пат, за кој ќе треба многу работа и труд.
„Сепак, ние сме подготвени да го направиме тоа заедно за да обезбедиме подобра иднина за (молдавските) граѓани“, рече Санду.
Во објава на Фејсбук таа изјави дека членството во ЕУ ќе донесе повеќе просперитет, повеќе можности и повеќе ред во таа мала земја, која се наоѓа меѓу Украина и Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.