Три недели пред изборите на половина мандат во САД, рејтингот на претседателот Џо Бајден останува близу најниското ниво од почетокот на неговиот мандат, според анкетата на Ројтерс/Ипсос.
Дводневната национална анкета на 1.002 возрасни, вклучувајќи 446 демократи и 353 републиканци, покажа дека 40 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден.
Во последниве недели, Бајден се обиде да ги собере гласачите околу ветувањата на неговата партија за заштита на правата за абортус. Но, анкетите покажуваат дека гласачите се многу позагрижени за економијата, која под Бајден забележа највисоки стапки на инфлација од седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, период во кој нестабилната економија му помогна на републиканецот Роналд Реган да го собори демократскиот претседател Џими Картер на претседателските избори во 1980 година.
Секој трет испитаник на овонеделната анкета на Ројтерс/Ипсос ја посочил економијата како најголем проблем на САД. Само еден од десет укажал на ограничување на правото на абортус.
Рејтингот на Бајден падна на 36 отсто во мај и јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.