Лидерот на италијанската десничарска лига, Матео Салвини апелираше за укинување на санкциите против Русија. Причината е што поради нив страдаат европските граѓани, соочени со постојано зголемување на цените на енергијата.
Поминаа неколку месеци и луѓето сега плаќаат два, три или дури четирикратни сметки. Војната продолжува, а Русија ја полни својата каса со наши пари, рече Салвини.
Ден претходно тој на Твитер напиша дека „оние кои беа санкционирани се победници, а оние кои воведоа санкции се на колена“.
Како што пишува британски „Телеграф“, порастот на цените на енергијата предизвика економски колапс во земјите од Европската унија кои до војната беа зависни од руската енергија.
Салвини, за кој се верува дека ќе влезе во десничарска коалициска влада по претстојните избори, ја изрази својата загриженост на економски форум во Чернобил на северот на земјата.
Ни треба европски штит, потребна ни е заштита на нашите семејства и претприемачи, исто како што создадовме таков штит за време на пандемијата. Ако сакаме да продолжиме со санкциите за заштита на Украина, тоа е во ред, но не би сакал да видам ситуација кога наместо некого да санкционираме, ние самите си наштетуваме. Очигледно е дека некој во Европа погрешно пресметал. Клучно е да се смени европската стратегија за да се заштитат работните места во Италија и другите земји, рече Салвини.
Лидерот на Демократската партија, Енрико Лета, одговорил дека „ни Путин не би рекол подобро“.
Тој рече дека ова се неодговорни тврдења кои можат „да ѝ нанесат голема штета на Италија, нејзината сигурност и европската улога“.
Кога го слушам Салвини, тоа е како да ја слушам пропагандата на Путин, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.