Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе им каже на американскиот Конгрес и на идната администрација на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон не треба да ѝ го сврти грбот на Украина бидејќи тоа може да поттикне нова нестабилност во Европа, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

– Претседателот Бајден ќе даде изложи аргумент дека ни треба континуирано финансирање за Украина по завршувањето на неговиот мандат, рече Саливан во интервју за Си-Би-Ес Њуз.

Саливан рече дека Бајден ќе разговара за главните приоритети на американската внатрешна и надворешна политика со новоизбраниот претседател Доналд Трамп кога ќе се сретнат во Белата куќа в среда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.