Турската полиција спаси 8-годишно девојче кое откако го преживеа разорниот земјотрес, паднало во замрзнатото езеро во Малатја додека се обидувало да ја извади играчката што случајно ја испуштила во водата.

Откако полицајците ја однеле на безбедно и дале сува облека донирана за жртвите од земјотресот и нова играчка наместо онаа што за малку ќе ја чинеше живот, пишува Ројтерс.

На видеото што го објави полицијата се гледа како полицаецот ја крева на замрзнатиот дел од езерото, од каде што доползела на безбедно.

 

 

Во разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија загинаа повеќе од 47.000 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.