Во Јапонија не дозволиле да биде отворен украински ресторан, затоа што бо менито имало боршч, а Јапонците одлучиле дека тоа е руско јадење.

Познатиот украински готвач, Евгениј Клопотенко се пожали на ова на социјалните мрежи откако му било одбиено барањето да отвори ресторан во кој се служи украинска кујна.

Во образложението било наведено дека боршчот е руско јадење и дека во услови на негативни чувства кон Русија, промовирањето на руско јадење не предизвикувало добри чувства кај Јапонците.

 

Клопотенко додава дека случајот со „рускоста“ на боршот во Јапонија е изолиран, затоа што Јапонците активно ја поддржуваат Украина во борбата против Русија.

Знаеме што поддржуваат. Овие камикази веќе дадоа речиси 13 милијарди долари за војната на Украина против Руската Федерација без никакви услови, коментира украинскиот готвач.

Сепак, тоа му останува само утеха за тоа што не му дозволиле да го служи традиционачниот боршч на јапонските клиенти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.