Деветгодишно момче од Пенсилванија, кое ужива во науката и компјутерското програмирање, ја стекна својата диплома за средно образование и веќе е на пат да добие диплома од факултет.

Станува збор за Дејвид Балогун, кој посетува настава преку Интернет од својот дом во Бенсалем, предградие на Филаделфија, а добил диплома од „Reach Cyber’school“.

По завршувањето на студиите, Балогун вели дека веќе знае што сака да прави во животот.

Сакам да бидам астрофизичар и да ги проучувам црните дупки и суперновите“, изјави Дејвид за локалната ТВ станица „WGAL“.

Балоган е благодарен на своите наставници кои го направиле неговото образование интересно и го поттикнале да напредува. Од друга страна, тие признаваат дека тие се оние кои научиле нешто од својот надарен ученик.

Дејвид е момче кое нè инспирира, тој дефинитивно го менува начинот на кој размислувате за наставата“, вели учителот, Коди Дер.

По добивањето на диплома за средно образование, момчето поминало еден семестар на колеџот Бакс. Тој веќе е член на Менса, меѓународна асоцијација на високоинтелигентни луѓе, која денес брои околу 134.000 членови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.