САД ќе испратата во Украина неколку советски системи за противвоздушна одбрана кои тајно ги набавиле пред неколку децении, објави „Волстрит журнал“.

Целта на испораката на советско оружје на украинската армија е да и помогне да ги одбие руските воздушни и ракетни напади. Оружјето и е познато на украинската армија, која го наследи овој тип опрема по распадот на Советскиот Сојуз.

Системите, вклучувајќи го и СА-8, датираат од пред неколку децении и се набавени од САД заради проучување на технологијата што ја користи руската војска и се извезува од Москва низ целиот свет.

Пентагон одбил да ја коментира одлуката на Стејт департментот да го извадиова оружје својот не премногу голем арсенал на советско оружје, што доаѓа во време кога администрацијата на Бајден напорно работи на проширување на капацитетите за воздушна одбрана на Украина.

Во текот на децениите за време на Студената војна, САД набавиле мал број советски системи за ракетна одбрана за тестирање од американски разузнавачки експерти и за помош во обуката на американските војници.

Вниманието на јавноста беше привлечено кон овие тајни напори во 1994 година, кога огромен транспортен авион од советско производство беше забележан на аеродромот Хантсвил. Подоцна беше откриено дека авионот го носел системот за противвоздушна одбрана С-300, кој САД го купиле од Белорусија како дел од таен проект на Пентагон вреден 100 милиони долари – вели поранешен претставник на мисијата.

Дел од оружјата од советско производство биле складирани во складиштето Редстоун во Алабама, кој на неговата веб-страница е наведен како „Центар за воена ракетна програма“.

Барем дел од она што го испраќаат САД во Украина доаѓа од таа база. С-300 од Белорусија не бил меѓу системите испратени во Украина – информираат официјални лица, додавајќи дека C-17 неодамна полетал од блискиот Хантсвил, Алабама.

Годишниот закон за трошење на владата, неодамна усвоен од Конгресот и потпишан од претседателот Џо Бајден, вклучува одредби коишто и овозможуваат на администрацијата да пренесува авиони, муниција, возила и друга опрема на украинската војска и партнерите во Алијансата во странство или на постоечките мисии.

Украина веќе има некои руски системи за воздушна одбрана, вклучувајќи го и С-300. Сепак, има потреба од повеќе од овие системи, способни да работат на средни и долги растојанија за да ги може да ги одбие руските воздушни и ракетни напади. Ракетите „Стингер“ што на Украина ѝ ги дадоа САД и земјите од НАТО се ефикасни само против хеликоптери и авиони кои летаат во низок лет.

САД се надеваат дека обезбедувањето поголема воздушна одбрана ќе и овозможи на Украина да создаде де факто зона на забранети летови, нешто што САД и нивните сојузници во НАТО одбија да го направат. Според претставници на администрацијата на Бајден, таквиот потег може да доведе до директна конфронтација меѓу Алијансата предводена од САД и руските сили, што американскиот претседател има намера да го избегне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.