САД ја сомничат Кина за вршење шпионажа преку пристанишни кранови.

Извори на „Волстри џурнал“ изјавиле оти веруваат дека кинеските кранови се своевиден „тројански коњ“, односно дека тие се опремени со сензори кои можат да го одредат потеклото и намената на контејнерите.

На тој начин, Кина, наводно, може да добие информации за стоки увезени во САД или извезени за поддршка на американските воени операции.

Крановите исто така можат да обезбедат далечински пристап до оние кои сакаат да ја нарушат логистиката на стоката“, изјавил за весникот Бил Еванин, поранешен висок функционер на американското контраразузнавање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.