САД ќе обезбедат нов пакет воена помош за Украина во вредност од 275 милиони долари, соопшти американското Министерство за одбрана.

Пакетот вклучува муниција за систем за ракетни фрлачи (ХИМАРС), кој има дострел од околу 80 километри. Во пакетот се вклучени и дронови, противтенковско оружје, артилериска муниција од 105 и 155 милиметри, соопшти Пентагон.

САД се најголемиот снабдувач на оружје за Украина. Според податоците на Пентагон, од февруари 2022 година во Украина испратена е воена помош со вкупна вредност од над 60,4 милијарди долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.