Американскиот претседател, Џо Бајден, издаде наредба до американската војска во Европа да ја засили одбраната во земјите кои се граничат со Украина, со распоредување дополнителни трупи и авијација во балтичките земји, Полска и во југоисточното крило на НАТО.

Силите ќе бидат префрлени во текот на неделата – соопшти претставник на Министерството за одбрана.

Министерот за одбрана Лојд Остин дал наредба за префрање на 800 американски војници од Италија во балтичките земји. Префрлање ќе има и на осум воени авиони Ф-35 Лајтнинг 2 од Германија во оперативната база на источното крило на НАТО.

Дваесет офанзивни авиони АХ-64 Апачи исто така ќе бидат префрелни од Германија, а 12 хеликоптери Апачи ќе бидат префрлени од Грција.

Овој дополнителен состав ќе биде релоциран за давање сигурност на нашите НАТО сојузници во справување со потенцијална агресија против земјите членки на НАТО и се спроведува заедно со силите на земјите домаќини – изјави Остин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.