Американскиот Стејт департмент преку програмата „Награда за правда“ распиша потерница за рускиот хакер, Евгениј Викторович Гладких, со награда во висина од 10 милиони долари за информација што ќе води кон негово апсење.
Од Стејт департментот соопштија дека ова е првпат да се нуди награда за информација за само еден кибер играч, а во рамки на понудите за награда од делот за критична инфраструктура на програмата.
Од мај до септември 2017 година компјутерскиот програмер Гладких и други заговарачи, вработени од водечка истражувачка организација при Министерството за одбрана на Русија, хакирале во системите на една рафинерија лоцирана во САД и инсталирале штетна програма дизајнирана да спречи функционирање на рафинериските системи за безбедност, а на начин да не се забележи тоа – се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека од февруари до јули 2018 конпсираторите разгледувале да нападнат слични рафинерии во САД во сопственост на американски компании, но не успеале во тоа.
Гладких ги извршил овие штетни кибер операции како вработен на Централниот научно истражувачки институт за хемија и механика (ЦНИИКМ) при руското Министерство за одбрана.
Се наведува дека како актер кој дејствувал под директива на странска влада и направил штетни кибер активности против критична инфраструктура на САД, Гладких потпаѓа под американскиот закон за компјутерска измами и злоупотреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.