Американските метеоролози објавија предупредување за опасна состојба од топлотниот бран што деновиве се очекува да го зафати југозападниот дел на САД.
Милиони луѓе се изложени на прекумерни горештини и состојбата се очекува да се влоши викендов и идната недела. Националната метеоролошка служба објави препораки за прекумерна атмосферска температура, будност и предупредување за огромна област каде живеат над 100 милиони Американци.
Опасна состојба е прогласена во низа држави од Калифорнија до јужна Флорида, ќе трае со денови и температурата на воздухот на некои места може да достигне 48 степени Целзиусови.
Прекумерни горештини се очекуваат во Оклахома, Луизијана и некои делови од Арканзас, јавија од службата.
Во североисточниот дел на САД, пак, се очекуваат нови поројни дождови пропратени со силен ветер, по оние пред неколку денови. Од службата прогнозираат нови врнежи во целиот регион наречен Нова Англија каде реките и потоците веќе се наполнети на рекордно ниво
Во Вермонт деновиве поројниот дожд зафатен неколку окрузи. Локалните медиуми јавуваат дека денеска едно лице се удавило во поплавите, регистрирано како прва жртва на природната катастрофа во Вермонт. Претходно, уште едно лица загина во мало гратче на брегот на реката Хадсон, 72 километри северно од градот Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.