Американските власти подигнаа група воени авиони во неделата да уловат мал авион кој влегол во воздушниот простор над пошироката област Вашингтон пред да се урне во Вирџинија.

Воените авиони ја пробиле звучната бариера над главниот град на САД за да стигнат до авионот „Цесна“, кој може да превезе седум до 12 патници, соопштија официјални лица.

Околу времето кога го пробиле воздушниот ѕид, Цесната се урнала во ридско подрачје во југозападна Вирџинија, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).

Воените авиони не биле причина за падот, тврди неименуваниот функционер.

Според информиран извор, се верува дека авионот „Цесна“ возел на автопилот и не одговарал на повиците.

Авионот „Цесна“ полета од аеродромот во Елизабетон, Тенеси и беше на пат кон аеродромот Мекартур на њујоршкиот Лонг Ајленд, на околу 80 километри источно од Менхетен, се вели во соопштението на ФАА.

Инцидентот ќе го истражува Националниот одбор за безбедност на транспортот, додаваат тие.

Според веб-страницата за следење летови Flight Aware, се чини дека „Цесната“ се приближила до поширокото подрачје на Њујорк пред да направи пресврт од речиси 180 степени и да заврши во Вирџинија.

Воените авиони Ф-16 беа испратени од заедничката база Ендрјус, објави ABC News, цитирајќи неименуван официјален претставник. Најмалку еден воен пилот видел дека пилотот на Цесна се онесвестил, соопшти ABC.

Кршењето на звучната бариера вознемири многумина во Вашингтон, кои твитнаа за силната бучава и тресење на земјата и ѕидовите. Неколку жители пријавиле дека ја слушнале вревата дури до Вирџинија и Мериленд.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.