Вашингтон ќе продолжи да обезбедува разузнавачки информации за Киев, но украинската војска мора да одлучи што да прави со нив, изјави денеска за Си-Ен-Ен Линда Томас-Гринфилд, постојан претставник на САД во Обединетите нации.

– Ние им даваме разузнавачки информации за да можат да се одбранат од руската агресија, како и да заземат подобра позиција на преговарачката маса со руската страна, но одлуката за тоа како да ги користат овие разузнавачки информации останува на нив, истакна Томас-Гринфилд.

Според неа, САД не престанале да ја поддржуваат Украина од почетокот на руската инвазија.

– Ќе продолжиме да ја даваме потребната поддршка“, додаде Томас Гринфилд, истовремено тврдејќи дека „Русија ги почувствувала ефектите од американската поддршка за Украина“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.