САД ќе испрати 100 беспилотни летала – дронови камиказа, информира претставник на американското Министерство за одбрана, кој соопшти дека пратката ќе пристигне во Украина наскоро.

Разговараме со Украина за употребата на овие беспилотни летала во иднина и секако дека ќе ја задржиме таа опција отворена – изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

Станува збор за мали дронови кои носат боеви глави и се забиваат во целите. Најмалиот модел може да погоди цел оддалечен до 10 километри, велат од компанијата што ги произведува.

Кирби додаде дека САД „обучиле одреден број украински војници кои веќе биле во САД“, за да можат да користат беспилотни летала. Идејата е тие војници да се вратат во Украина и да обучуваат други.

Едно лице може да биде соодветно обучено да ги користи тие дронови за околу два дена – изјави Кирби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.