Соединетите Американски Држави планираат да стационираат нуклеарно оружје во Обединетото Кралство за прв пат по 15 години.

Како што откриваат документите на Пентагон, до кои имал пристап британски „Телеграф“, таквата одлука доаѓа затоа што „заканата од Русија се зголемува“.

Договорите за нов објект во базата на британското Воено воздухопловство „Лејкенхит“ во Сафолк потврдуваат дека САД имаат намера во воздухопловната база да распоредат нуклеарни боеви глави три пати поголеми од бомбата фрлена во Хирошима.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.