Официјален Пентагон соопшти дека ќе го испрати системот „TААД“ (Terminal High Altitude Area Defense) на Блискиот Исток, заедно со американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“. Системот „ТААД“ е дизајниран да соборува балистички ракети со краток и среден дострел во последната фаза од нивниот лет.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, додаде дека дополнителен број војници се ставени под „подготовка за распоредување“ во регионот, иако не прецизираше за колкав број станува збор. Во соопштението на Пентагон се вели дека оваа одлука уследува по „неодамнешната ескалација на Иран и неговите посреднички сили низ регионот на Блискиот Исток“.

Нападите врз американските сили во Ирак и Сирија се зголемени откако пред две недели избувна судирот меѓу Израел и Хамас. По поотпочнувањето на конфликтото на 7 октомври, САД преместија носач на авиони, бродови и авиони во источниот Медитеран и ветија дека ќе му обезбедат на Израел дополнителна опрема и муниција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.