Американските сили извршија воздушни напади врз иранската револуционерна гарда и милициските групи поврзани со Техеран, погодувајќи повеќе од 85 цели во Ирак и Сирија, соопшти американската војска.

Силите на Централната команда на САД (CENTCOM) извршија воздушни напади во Ирак и Сирија против силите Кудс на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и поврзаните милициски групи. Американските воени сили погодија повеќе од 85 цели, со бројни авиони, вклучително и бомбардери кои лета од САД. Објектите што беа погодени вклучуваа командни и контролни оперативни центри, разузнавачки центри, ракети, проектили, складиште за беспилотни летала и објекти за логистика и синџир на снабдување со муниција на милициските групи и нивните спонзори на ИРГЦ кои ги олеснуваа нападите против силите на САД и на коалицијата. 

Во изјава за Си-Ен-Ен, висок претставник од американското Министерство за одбрана нагласи дека не се таргетирани цели во Иран.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека одговорот за загинувањето американски војници започнал денеска и дека САД не бараат конфликт на Блискиот Исток.

Американските воени сили нападнаа цели на објекти во Ирак и Сирија што ИРГЦ и поврзаната милиција ги користат за да ги нападнат американските сили. Нашиот одговор започна денеска. Ќе продолжи во моменти и места по наш избор.  САД не бараат конфликт на Блискиот Исток или на кое било друго место во светот. Но, нека го знаат ова сите оние кои би сакале да ни нанесат штета: Ако му наштетите на Американец, ние ќе одговориме.

Одмаздничките напади дојдоа како одговор на нападот со беспилотно летало на милитантите поддржани од Иран врз американска воена база во Јордан во неделата, при што загинаа тројца американски војници, а беа ранети повеќе од 40 други.

Најмалку 13 проирански борци беа убиени денеска во воздушните напади на САД, чија цел беа упоришта на проирански борци во источната провинција Деир ал-Зур, Сириска опсерваторија за човекови права. Цел на воздушните напади беше регионот Хаидарија во пустината на градот Ал-Мајадин.

Цел на нападите биле и областа Ал Хизам и индустрискиот кварт во градот Ал Букамал во близина на сириско-ирачката граница, според Сириската опсерваторија за човекови права.

Според нив, воените авиони уништиле 17 локации во Деир ал-Зур во три рунди воздушни напади врз Ал-Мајадин и еден круг на Ал-Букамал.

Американските извидувачки авиони продолжуваат интензивно да патролираат во воздушниот простор над регионот, соопшти таа организација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.