Американскиот претседател Џо Бајден во Тајван ќе испрати делегација од поранешни високи претставници на одбраната и безбедноста, соопшти висок функционер на неговата администрација. Американски медиуми јавуваат дека тоа е знак на поддршка за островот по руската инвазија на Украина.

Посетата, предводена од некогашниот претседател на Здружениот Генералштаб, Мајк Мулен, доаѓа во време кога Тајван го засили нивото на тревога.

Официјален Пекинг тврди дека островот со демократско управување е кинеска територија и вети дека ќе го стави под кинеска контрола, доколку е потребно и со сила.

Мулен, пензиониран адмирал на морнарицата, кој служеше како врвен американски воен офицер за време на поранешните претседатели Џорџ В. Буш и Барак Обама, ќе биде придружуван од Меган О’Саливан, поранешен заменик советник за национална безбедност на Буш и Мишел Флорној, поранешен потсекретар во одбраната под Обама, јавија американски медиуми цитирајќи извор од администрацијата на Бајден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.