„Исламска држава е заеднички терористички непријател кој секаде мора да биде поразен“, кажа портпаролката на Белата куќа Карин Жан Пјер.

Таа додаде дека американската администрација „силно го осудува гнасниот терористички напад во Москва на невините цивили“.

Бројот на загинатите во терористичкиот напад на салата Крокус во Москва порасна на 133, а ранети се повеќе од 150 луѓе. Приведени се 11 осомничени странци, меѓу кои четири лица кои го извршиле нападот, тврдат властите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.