Американскиот Стејт департмент и се закани на Кина со „сериозни последици“ во случај на испорака на оружје за Русија или помош за заобиколување на санкциите.

Ако Кина се занимава со испорака на оружје за Русија и се обиде да и помогне на Москва да ги заобиколи санкциите, ќе следат сериозни последици, не само од наша страна, туку и од страна на нашите сојузници и партнери – изјави портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Нед Прајс.

Тој додаде дека Вашингтон будно внимава на можната кинеска помош за Русија, но дека досега не е забележано предавање на оружје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.