Американскиот Стејт департмент одобри продажба на опрема, обука и други средства за поддршка на системите за воздушна одбрана „Патриот“ во Тајван. Набавката е вредна околу 95 милиони долари.
Пакетот ќе вклучува обука, планирање, поставување, распоредување, работа и одржување на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ и поврзаната опрема, се вели во известувањето на Пентагон до Конгресот.
Оваа предложена продажба им служи на националните, економските и безбедносните интереси на САД со поддршка на континуираните напори на примателот да ги модернизира своите вооружени сили и да одржи кредибилен одбранбен капацитет.
Предложената продажба ќе помогне да се обезбеди подготвеност за воздушни операции. Примачот ќе ја користи оваа способност како средство за одвраќање на регионалните закани и зајакнување на одбраната на татковината – се додава во соопштението.
Законот за односи со Тајван бара од Пентагон да ги поддржи напорите на Тајван да се заштити себеси, но не бара од американската војска да го брани Тајван доколку биде нападнат.
Претседателскиот кабинет на Тајван соопшти дека ова е трета најавена продажба на оружје откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата и ја покажа „цврстата“ природа на нивната врска.
Тајван ќе продолжи да ја демонстрира својата решеност да се брани и да го продлабочи кооперативното партнерство – соопштија од тајванскиот претседателски кабинет.
Тајванскиот министер за одбрана Киу Куо-ченг, претходно изјави дека кинеско-тајванските воени односи се најлоши во последните 40 години.
Во однос на Тајван, Кина не дозволува да се зборува на друг начин освен како дел од нејзината територија, иако Тајван се смета себеси за суверена држава, а стравувањата од кинеско преземање траат со години, пишува „Дејли мејл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.