Дали Западот се подготвува да го замени Зеленски со воинствен генерал?

Претседателот на Украина Володимир Зеленски не е многу среќен поради гласините дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, би можел да се всели во претседателската палата, пишува германскиот весник „Билд“ повикувајќи се на свои извори.

Актуелниот шеф на државата Зеленски не е многу задоволен од гласините дека Залужни во одреден момент би можел да се пресели во претседателската палата – се наведува во написот со наслов „Валериј Моќни“, во кој се истакнува дека генералот би можел да го наследи Зеленски по завршувањето на борбените операции во Украина, затоа што може да им даде трошка надеж на своите сограѓани.

Според весникот, Залужни докажал дека поседува „лидерски квалитети и воена генијалност“, и дека генералот во Украина важи за патриот и искусен борбен офицер.

Тој е генералот кој ќе им се спротивстави на трупите на Путин: Валериј Залужни (49), врховен командант на украинските вооружени сили – пишува весникот.

Залужни, како патриот и борбен офицер ветеран, тој ги покажа своите лидерски способности и воена острина за време на конфликтот во Донбас 2014-2015 година. Оттогаш тој ужива најголема почит во воените, политичките и меѓународните кругови.

Во август, полскиот весник „Виброча“ објави материјал за главниот началник на ГШ на украинската армија, вдаховено опишувајќи ги неговите достигнувања:

Кога Микеланџело би бил задолжен да излие фигура на генералот Залужни врз основа на пишувањата на Интернет, би се добила фигура меѓу Давид и Мојсије – пишуваше весникот.

Украинските и западните медиуми пишуваа дека Зеленски планира да го повлече од Армијата генералот Залужни и да му понуди место – министер за одбрана. По сите украински Телеграм канали минатата недела беше пуштена информација дека се бара нов човек кој би дошил на местото на генералот Залужни како шеф на украинските оружени сили и дека службата за безбедност го следи Залужни.

Амбасадорката на САД во Киев Бриџит Бринк, наводно забранила било какви дејствија против генералот Залужни.

Претседателот Зеленски ги осуди неодамнешните гласини за плановите за преместување на Валериј Залужни од позицијата врховен командант на украинската армија на друга позиција во владата. Претседателот се осврна на ова прашање, говорејќи на прес-конференцијата во Киев во вторник, 23 август.

Немам планови никаде да го префрлам врховниот командант Залужњи, работиме како тим. Многу е важно што прават генералите во разни правци, тоа е Залужни, Коваљчук, Сирски. Нема да ги споменам сите, мислам дека нашите луѓе ги знаат сите наши херои. Тој тим работи, треба да се држиме заедно, а оценката е дека висока, а кога ќе победие, ќе биде највисока – изјави претседателот Володимир Зеленски.

Меѓусебни несогласувања

Володимир Зеленски и Валериј Залужни и порано имале несогласувања, особено по спектакуларната наредба на Генералот дека војската не смее да се оддалечува од местото на престојување без одобрение од војната команда.

Претседателот тврдеше дека таа наредба не била усогласена со него.

На состаникот на врвот на вооружените сили на 6 јули, по барање на Заленски таа наредба е укината, но Залужни објави дека ја вратил на доработка, бидејќи многу делови од истата погрешно се тумачени, со манипулации и незаконистости во нејзиното исполнување, што довело до урнисување на угледот на војската меѓу домашната и светската јавност.

Володимир Зеленски се судри со својот висок генерал и го принуди да се откаже од плановите за воведување драконски ограничувања за патување на мажи во борбена возраст. Тоа се случи неколку дена по повлекувањето на украинската војска од регионот Луганск, половина од приоритетната цел на Владимир Путин во Донбас.

Имаше многу спорови во општеството во врска со одлуката на Генералштабот на вооружените сили на Украина да одобри процедура за добивање одредени дозволи за оние кои се одговорни за воена служба, регрути и резервисти. Го молам Генералштабот да не носи такви одлуки без мене во иднина – изјави Зеленски.

Претходно, генералот Валериј Залужњи, командант на украинската војска, им нареди на потенцијалните регрути и војската да не патуваат од своите домови освен ако не добијат специјална дозвола, потег што аналитичарите велат дека е дизајниран да ги олесни регрутирањето и мобилизацијата.

Од почетокот на воената операција на Русија на 24 февруари, украинската влада наметна целосна мобилизација на мажи во борбена возраст. Новите правила би ги спречиле овие мажи да патуваат надвор од нивните родни градови, освен ако не ја пополнат точната документација и потоа не добијат пропусница од службено лице.

Воените претставници изјавија дека системот за дозволи е потребен за да се забрзаат активностите за регрутирање неопходни за замена на огромните жртви на бојното поле, но многу обични Украинци не беа убедени.

За ова треба објаснување. Ако мажот сака да оди во соседната област на еден ден за да го види своето семејство, треба да застане во ред и да добие дозвола? –  напиша Татјана Иванченко на Фејсбук.

Други рекоа дека системот за патни дозволи ќе биде отворен за злоупотреба и примање поткуп од страна на службениците. Корупцијата се смета за неконтролирана во Украина.

Дали сакаш да одиш кај свекрва ти? Дали сакате да одите во соседниот град, во вашата куќа? Тогаш тоа ќе биде 1.000 долари – саркастично напиша Оксана Кот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.