За првпат по распадот на СССР, САД го обновуваат производството на нуклеарни боеви глави, пишува ННСА.

Според Националната администрација за нуклеарна безбедност, во 2023 година САД ќе произведат неколку десетици најнови нуклеарни боеви глави.

Конкретно, оваа година се планира производство на 80 јадра од плутониум, кои се клучниот елемент на стратешките и тактичките нуклеарни бомби.

Покрај тоа, Американците сакаат да го продолжат животниот век на нуклеарните бомби Б61-12 стационирани во Европа. Тие ќе ги модернизираат и боевите глави на интерконтиненталните балистички ракети „Тридент 2“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.