Администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден, се подготвува да го одобри барањето на Израел за безвизен режим, соопшти синоќа ТВ каналот Еј-би-си повикувајќи се на американски службеници.

Според првичните информации конечната одлука треба да да биде објавена на 27 септември од Алехандро Мајоркас, министер за внатрешна безбедност на САД, а следниот ден треба да биде ратификувана од државниот секретар Ентони Блинкен.

Прашањето за безвизен режим меѓу САД и Израел беше дискутирано на средбата меѓу Бајден и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху минатата недела за време на Генералното собрание на ОН.

Израел ги исполни сите барања на Вашингтон да стана дел од програмата за безвизен режим (Visa Waiver Program) во која учествуваат 40 земји. Ерусалим неодамна ги разлабави правилата за влез на своја територија на Американци со палестинско потекло од појасот Газа. Претходно, тие можеа да ја поминат границата само преку Египет или Јордан.

Новите правила овозможуваат Израелците да поднесат електронско барање за дозвола за влез во САД на веб- страницата ЕSТА (Electronic System for Travel Authorization) на Министертвото за внатрешна безбедност. За да се добие дозволата, која е со рок на траење од две години, се врши уплата од 21 долар, и се добива безвизен влез во САД во траење од 90 денови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.