Претседателот на САД Џо Бајден и кардиналот Матео Зупи разговарале за напорите на Ватикан да продолжи со помошта за Украина, во време на постојаната руска агресија врз оваа земја, изјави денеска портпаролката Карин Жан Пјер.
Зупи, кој е архиепископ на Болоња и претседател на Италијанската епископска конференција, е испратен во тридневна посета на Вашингтон како емисар на Папата за да разговара со Бајден за илјадниците насилно раселени украински деца.
На средбата, претседателот ги поздрави повиците на Светата столица за враќање на насилно депортираните украински деца. Тоа што Русија го прави, киднапирање на илјадници украински деца и нивно преместување во други делови на Украина или депортирање во Русија е ужасна работа, затоа ги поздравуваме напорите на Ватикан за враќање на овие деца, рече Жан Пјер.
Таа истакна дека на средбата, Бајден ги споделил своите желби за продолжително администрирање и глобално лидерство на папата Франциск, и ја поздрави неодамнешната номинација на американски архиепископ за кардинал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.