Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден била шокирана од размерите на иранскиот одмазднички напад со ракети и беспилотни летала против Израел на 13 април, објави „Волстрир џурнал“.

Во написот се наведува дека американски официјални лица признаваат дека нивото на првиот директен напад на Иран врз Израел „се совпаѓа со најлошите сценарија“.

Ова беше на највисокото ниво, мислам, на она што го очекувавме“, рекол еден неименуван висок функционер.

Додека претседателот Бајден и неговиот тим за национална безбедност, тој ден се собрале во Собата за итни ситуации во Белата куќа, тие наводно се плашеле дека одбраната на Израел, зајакната од сојузниците, нема да биде доволна за да се одбие нападот.

Во извештајот се нагласува дека никогаш досега немало обид да се пресретнат толку многу беспилотни летала, крстаречки и балистички ракети одеднаш.

За време на иранскиот напад, САД, Обединетото Кралство, Франција и Јордан му се придружија на Израел во соборувањето на надоѓачките беспилотни летала и проектили, при што противракетните системи на Израел биле засилени со распоредувања на противракетни и контра-дрон системи, нешто што било направено пред очекуваната операција.

Резултатите од одбраната беа нејасни додека сè не беше кажано и направено“, изјавил висок претставник на администрацијата на Бајден.

Како одмазда за изралексиот напад на 1 април врз комплексот на Иранската амбасада во Сирија, Иран одговори со масовен напад со беспилотни летала и ракети против Израел на 13 април. Над 300 проектили беа истрелани на израелска територија од Иран, при што официјален Техеран соопшти дека нападот „погодил одредени цели“. Израелската војска тврди дека 99 отсто од проектилите биле пресретнати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.