Амбасадата на САД во Белорусија издаде предупредување со кое ги повика своите државјани веднаш да ја напуштат Белорусија.
Во соопштението на амбасадата се наведува дека Литванија претходно затворила два свои гранични премини со Белорусија и дека Полска, Летонија и Естонија навестиле дека можеби ќе го сторат истото.
Мисијата ги повика американските граѓани да одат преку една од последните три земји бидејќи „не им е дозволено да влезат во Полска по копнен пат од Белорусија“.
Не патувајте во Белорусија поради континуираното овозможување од страна на белоруските власти на рускиот неиспровоциран напад врз Украина, трупањето руски воени сили во Белорусија, произволното спроведување на локалните закони, потенцијалот за граѓански немири, ризикот од притвор и ограничената способност на амбасадата да им помогне на американските граѓани кои живеат или патуваат во Белорусија“, се нагласува во сооопштението на американската Амбасада во Минск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.