Доналд Трамп избра една од најпознатите американски компании – Мекдоналдс за да се претстави во најдобро можно светло пред гласачите во последните денови од неговата трета кандидатура за Белата куќа.

Поранешниот претседател застана кај една од франшизите на синџирот за брза храна во Пенсилванија за време на неговата неделна посета низ државата Кистоун, каде што замени јакна за престилка и пржеше помфрит.

Потоа им делел храна на муштериите, велејќи им дека сам го подготвил нивниот оброк.

Противкандидатката на Трамп, Камала Харис изјавила дека како млада работела во Мекдоналдс доближувајќи се до средната класа, а посетата на Трамп на ресторанот е последниот обид да фрли сомнеж во нејзината приказна.

„Барам работа“, му рекол Трамп на сопственикот на Мекдоналдс во Фестервил-Тревус во неделата. „Отсекогаш сакав да работам во Мекдоналдс, но никогаш не успеав. Се натпреварувам со некој кој рече дека тоа функционира, но испадна дека е целосно лажна приказна“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.