Холандскиот премиер Марк Руте истакна дека Европската унија треба да биде внимателна кога воведува нови санкции за руските гасни и нафтени компании, бидејќи некои земји се уште во голема мера зависат од тие ресурси.

Мораме да бидеме сигурни дека енергетската независност ќе обезбеди доволно гас и нафта во системот. Ова е многу важно за Холандија, Германија, Франција и источноевропските земји – изјави Руте по средбата со литванскиот претседател Гитанас Науседа.

Претседателот на Литванија, пак, изјави дека тоа мора да го направат што е можно поскоро, но не можат да го направот тоа утре. Науседа додаде дека Литванија со децении инвестирала многу во енергетската безбедност и дека сега е подготвена за целосен бојкот на руската нафта и гас.

Сега кога маските паднаа, време е да се продолжи напред во спроведување на одлуките што се апсолутно неопходни за да се направи Европа да се чувствува побезбедна, понезависна и поотпорна на надворешни шокови – додаде Науседа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.