Министерството за одбрана на Русија објави дека 6.824 странци од 63 земји во светот дошле да се борат во Украина. Според Министерството, досега се елиминирани 1.035 странски платеници, додека неколку илјади останале и се борат на страната на Украина.
Во соопштението на руското министерство се наведува дека 400 странски борци се во Маириупол, каде што националистите и неонацистичките борци одбиваат да се предадат.
Претставникот на руското министерство, генерал Игор Конашенков, наведува дека руската армија им понудила на сите странски платеници, кои се борат во околината на железарницата „Азовстал“ во Мариупол да го положат оружјето и да се предадат, како и дека тоа е последна понуда.
Им беше кажано дека нивните животи се загарантирани доколку се предадат. Но, таа понуда не е бесконечна. Во случај на понатамошен отпор, сите ќе бидат уништени – изјави генерал Конашенков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.