Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека во акции спроведени во 23 региони низ Русија уапсила 60 приврзаници на украинска „неонацистичка“ организација, како и дека во акциите е запленето оружје.

ФСБ претходно ја има идентификувано наводната организација како М.К.У., а руската државна телевизија во декември соопшти дека кратенката значи „Манијаци. Култ на убиство“.

Според руските безбедносни служби, екстремистичката група е формирана од украинскиот државјанин Јегор Краснов, под патронат на разузнавачките служби во Киев, со цел организирање и извршување терористички акти, убиства и екстремистички злосторства на руска територија.

Москва соопшти дека „денацификацијата“ е една од целите на нејзината воена операција во Украина, посочувајќи на големото влијание што го имаат антируските „нацисти“ во Киев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.