Руска телевизија емитуваше снимки за кои наведува дека прикажуваат американско борбено возило „Бредли“ на боиштето во Доњецката област откако било запрено со руски оган, а украинскиот екипаж побегнал.
Во емисијата во ударен термин на првиот канал на руската телевизија беше укажано дека заробувањето на возилото „Бредли“ коешто е функција и е едно од неколкуте десетици кои САД ѝ ги испорачаа на Украина оваа година, ќе ѝ овозможи на руската војска да ги утврди неговите ранливи точки.
Претходно во јуни, две седмици по почетокот на долгонајавуваната украинска противофанзива, американскиот магазин Форбс објави дека украинсите сили загубиле 16 американски борбени оклопни возила „Бредли“, од 59 тогаш испорачани.
Сега емитуваниот прилог содржи интевјуа со неколку неименувани маскирани припадници на два руски воени тима задолжени за заробување на борбени возила од западно производство.
Тие велат дека по возилото заминале затскриени од темнината и густата магла во ткн „сива зона“, на околу 500 метри од позициите на украинските сили, како и дека го влечеле меѓу минските полиња, под силен непријателски оган откако првиот обид не им успеал.
Возилото прикажано на снимките е преполно со дупки од куршуми, за кои велат дека ги направиле украинските беспилотни летала во обидот да уништат што е можно повеќе високотехнолошка опрема во возилото.
На снимките се прикажани и куп мунуција за тешки митралези и топовски гранати со жолт врв.
Еден од припадниците на споменатите тимови за заробување опрема вели дека според првичната проценка станува збор за надградена верзија на „Бредли“ со засилен мотор, поодбрена „динамичка заштита“ на оклопот од артилериски оган, како и подобрени систем за ноќно набљудување и наведување. РечТој вели и дека километражата на возилот изнесува само околу 240 километри.
Во август годинава руското Министерство за одбрана на саем на вооружување во Москва изложи зачувани запленети борбени возила од западно производство испорачани на украинската армија. Меѓу нив британските оклопни возила „Хаски“ и „Мастиф“, како и оклопниот транспортер „AT-105 Саксон“, австралиското борбено оклопно возило „Бушмастер“, американскиот оклопен транспортер „М-113“, шведското борбено возило за пешадија „ЦВ90-40“ и францускиот тенк на тркала „АМХ-10РЦР“. Во описот на „експонатите“, беше наведено на која локација и во какви околности била запленета конректната опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.