Руските сили во регионот на Харков, откриле и ја презеле контролата над арсенал на украинската армија, кој зафаќа површина од неколку стотици хектари.

Министерството за одбрана на Руската Федерација објави дека во магацините на арсеналот има илјадници тони муниција.

Од Министерството истакнуваат дека украинската армија го оставила арсеналот со голема количина муниција за топовска артилерија, како и минофрлачи и повеќецевни ракетни фрлачи, а во хангарите била пронајдена муниција за опрема за противвоздушна одбрана.

Како што информираат од руското министерство, во напуштените магацини на вооружените сили на Украина има и муниција за повеќецевни ракетни системи со касетни боеви глави.

Украинската армија испука вакви гранати кон станбените населби, загрозувајќи ги цивилите – соопшти руското Министерство за одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.