Руските сили испраќаат воено засилување во украинската област Харков, откако Киев соопшти дека првата голема украинска контраофанзива од пролетта оваа недела донела територијални придобивки, пишува „Гардијан“.

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, група од околу 1.300 борци од чеченските единици на Рамзан Кадиров пристигнале во регионот, како засилување за руските војници на териториите под нивна контрола.

Според „Гардијан“, украинската контраофанзива ги потиснала руските сили од голем број населени места во регионот контролиран од Москва уште од првите денови на војната, а според извештаите од Киев, се чини дека украинската војска продолжува со брзото напредување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.