Официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков, информира дека во последните 24 часа, руските системи за противвоздушна одбрана собориле ловец Су-25 и хеликоптер Ми-8.

Според Конашенков, авионот бил соборен во областа Сергеевка во Доњецката Народна Република, додека хеликоптерот Ми-8 во областа на Харков. Тој додава дека во истиот период биле соборени и седум дронови.

Ракети со висока прецизност погодија пет командни центри и 29 позиции на украинската армија. Воздухопловните сили погодија 61 непријателска позиција. Мета на ракетните сили и артилерија биле 128 командни центри, 169 единици опрема и 629 позиции на украинската армија. Убиени се околу 200 екстремисти – информира генерал Конашенков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.