Во прецизен удар на руските воздушни сили е убиен еден од главните команданти на националистичкиот полк „Азов“ во Мариупол, објавија руски медиуми.

Повикувајќи се на Телеграм каналот „Руски воени дописници“, медиумите известуваат за загинувањето на заменик-командантот на 1. Азовски баталјон, постариот поручник Денис Дуников, со воен прекар „Фантом“.

Според таткото на убиениот командант, позициите на „Азов“ се наоѓаат под речиси континуирано гранатирање, а само во текот на ноќта биле извршени над 20 воздушни напади.

Претходно, од Штабот на територијалната одбрана на ДПР објавија дека припадниците на „Азов“ земаат облека од цивилите, што што се обидуваат да го напуштат Мариупол маскирани во бегалците.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.