Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на самитот на БРИКС во Јужна Африка, порача дека воена интервенција на Економската заедница на западноафриканските држави – ЕКОВАС во Нигер никому нема да му донесе корист и ќе биде деструктивна за илјадници луѓе.

Не мислам дека инвазијата на било кој ќе му користи. Силите за спротивставување на интервенцијата веќе се формираат во вториот дел од ЕКОВАС. Навистина не го сакам ова сценарио за Африканците, изјави Лавров.

Регионалниот блок ЕКОВАС (ECOWAS) претходно објави дека е подготвен воено да интервенира во Нигер за соборување на воената хунта која во јули со преврат го собори претседателот Мохамед Базум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.