Рускиот патријарх Кирил во пораката во пресрет на Велигден изрази надеж дека ќе им се даде траен мир на братските народи на Русија, Украина и Белорусија.

Во пораката објавена на веб-страницата на Руската православна црква, рускиот патријарх истакнува дека на Велигден му се упатуваат посебни молитви на Бога за оние во воената зона.

Без оглед на тоа што се случува во променливиот, понекогаш турбулентен и конфликтен свет, или какви тешкотии или неволји можат да нѐ снајдат, ние знаеме, веруваме и проповедаме: пасхалната радост на нашиот воскреснат Спасител не избледува и секогаш победува – рече патријархот Кирил.

Во меѓувреме, основачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“ Евгениј Пригожин го повика рускиот претседател Владимир Путин преку неговата канцеларија за медиуми да прогласи крај на војната и да се фокусира на создавање упориште во окупираните делови на источна Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.