Рускиот амбасадор во Израел, Анатолиј Викторов, ги демантираше неодамна објавените информации во некои медиуми дека рускиот претседател Владимир Путин е болен.
Во интервју за ТВ Канал 13, амбасадорот посочи дека Путин „секој ден се појавува на телевизија“.
Неговото здравје му овозможува да продолжи со важна работа за државата – изјави Викторов.
Израелските медиуми потсетуваат дека „Њузвик“ во четвртокот објави дека Путин во април се лекувал од рак во напредна фаза и дека го преживеал обидот за атентат во март.
Претходно, и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли гласините дека Путин е болен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.