Еден од терористите кои го извршија терористичкиот напад во Москва, во кој според последните информации се убиени 143 лица, денеска изјави дека тоа го направил за пари, јави телевизијата Росија-24.
Мажот, кој зборувал руски со силен акцент, кажал дека „го слушал проповедникот“ на Интернет, по што бил контактиран од „неговиот помошник“.
„Тој (помошникот на проповедникот) ми пиша пред еден месец и ми понуди. Се согласив. Ми понуди да убивам за пари“, изјавил осомничениот терорист, пренесуваат руските медиуми.
На прашањето кого точно треба да убие, тој одговори дека му било кажано „да ги убие сите по ред, без разлика“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.