Дуо од Русија познато по шегите со познатите личности наречен се јави на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој на дуото му ги открил своите размислувања за саботажата на гасоводот Северен тек во септември минатата година. Стогодишниот дипломат, кој беше државен секретар на САД во периодот од 1973 до 1977 година и поранешен советник за национална безбедност на САД, стана најновата личност што била измамена од двојката позната како Вован и Лексус, објавија руските медиуми.

Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров во нивната најнова измама се претставија пред Кисинџер како украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кисинџер беше запрашан кој според него стои зад саботажата на гасоводот „Северен тек“ со кој се транспортира гас меѓу Русија и Германија.

„Искрено, мислев дека вие Украинците го направивте тоа“, им рекол Кисинџер.

Едниот од нив потоа го прашал: “Навистина? Мислеше дека сме ние?! Не, не, не сме…”. Кисинџер потоа одговорил: „Но, јас не ве обвинив“, сугерирајќи дека не мислел на забелешката да служи како критика. Снимката не е независно потврдена.

Да потсетиме, по експлозијата на „Северен поток“, некои шпекулираа дека зад нападот стојат САД. Други го вперија прстот кон Русија, додека Украина негираше вмешаност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.