Поранешниот градоначалник на рускиот град Владивосток, Олег Гумењук, кој е осуден за корупција, е ослободен од казнената колонија и ќе учествува во руската воена операција во Украина.
Гумењук, кој беше осуден на 12 години затвор за примање поткуп, склучил договор со Министерството за одбрана и заминал во зоната на воени дејствија во Украина.
Според изјавата на неговиот адвокат, соред наредбата издадена до Гумењук, тој се јавил во воената единица на 22 декември.
Сепак, пред да се појави на фронтот, Гумењук, прво морал да помине обука во една од областите за обука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.