Русија има за цел целосна контрола врз јужна Украина и регионот Донбас со цел да воспостави копнена врска со Крим, изјави денеска висок функционер на руската армија генерал Рустам Минекаев.

– Од почетокот на втората фаза на специјалната операција, една од целите на руската армија беше воспоставување целосна контрола над Донбас и јужна Украина, изјави генералот, пренесува Бета.

Како што наведе, тоа ќе обезбеди копнен коридор до Крим и ќе и нанесе штета на виталната инфраструктура на украинската економија.

Според генералот, втората фаза од, како што ја нарекува – „специјалната операција“, започнала пред два дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.