„Специјалната воена операција“ на Русија ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да ѝ се заканува на Русија, изјави Алексеј Полишчук, висок претставник на руското Министерство за надворешни работи, пренесува руската новинска агенција Тас.

Специјалната воена операција ќе заврши кога ќе се исполнат нејзините задачи. Меѓу нив се заштитата на мирното население на Донбас, демилитаризацијата и денацификацијата на Украина, како и елиминацијата на заканите за Русија кои доаѓаат од украинската територија поради нејзино заземање од страна на НАТО земји, рече Полишчук.

Според него, „специјалната операција се одвива според планираното и сите нејзини цели ќе бидат постигнати“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.