Воздухопловните сили на САД соопштија дека руски борбен авион прелетал „опасно блиску“ до американски дрон над Сирија и го оштетил со сигнални ракети. Ова е само последен во серијата инциденти меѓу САД и Русија што се случија на Блискиот Исток, потсетува Си-Ен-Ен.

Американците тврдат дека во неделата руски авион дошол на неколку метри од американскиот дрон „MQ-9 Reaper“ кој учествувал во мисија против ИСИС над Сирија. Тие додаваат дека еден од руските авиони почнал да испушта сигнални ракети пред американскиот дрон, при што сериозно го оштетил неговиот пропелер.

Екипажот на дронот успеал да го контролира леталото и да го врати во матичната база.

Очигледното непочитување на безбедноста на летот од страна на рускиот ловец ја намалува нашата мисија да обезбедиме траен пораз на ИСИС“, изјави генерал-полковник Алекс Гринкевич, командант на Централната команда на воздухопловните сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.