Најмалку три лица загинале, а десетици станбени згради се оштетени во рускиот град Белгород во близина на украинската граница, соопшти регионалниот гувернер, Вјачеслав Гладков, по извештаите за неколку експлозии во градот.
Гладков изјави де се оштетени најмалку 11 станбени згради и 39 приватни куќи, од кои пет се уништени.
Гувернерот, претходно, изјави дека инцидентот се истражува, додавајќи дека „системот за противвоздушна одбрана веројатно функционирал“.
Најмалку четири лица се повредени, а две се хоспитализирани, меѓу кои и едно десетгодишно момче – изјави Гладков.
Според британските медиуми, не може независно да се потврдат извештаите за експлозиите, штетите, жртвите и повредените, а засега нема ниту реакција од украинска страна.
Белгород е град со речиси 400.000 жители, на околу 40 километри северно од границата со Украина и претставува административен центар на регионот Белгород.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.