Русија соопшти дека го пронашла големиот јуришен десантен брод, што неговиот екипаж самиот го потонал откако бил оштетен од украинска ракета во пристаништето Бердјанск на 24 март.

Владимир Рогов, функционер што Русија го назначи за одговорен во јужна Украина, на Телеграм напиша дека тогаш балистички ракети „Точка-У“ го погодиле пристаништето под руска контрола.

Екипажот го потопи бродот за да спречи можно детонирање на муницијата што се наоѓаше на него поради пожарот – изјави Рогов.

Во извештаите од Русија не се дадени детали за штетата на бродот, но официјалниот претставник кажа дека пловилото ќе биде пренесено во Керч, на Крим.

Во извештајот на украинската армија за ракетниот напад на 24 март се баведува дека бродот се викал „Орск“, но бродот што Русија го извлече е „Саратов“. Бродот „Орск“, исто така, е еден од шесте десантни бродови на руската Црноморска флота.

Веб-страницата на флотата kchf.ru потврди дека бродот „Саратов“ бил оштетен и потопен во пристаништето на 24 март, но не спомена никаков украински ракетен напад.

Бродот „Саратов“, стар 56 години, стана дел од советската морнарица уште во далечната 1964 година. Може да носи до 20 тенкови или 45 оклопни транспортери или 50 камиони, како и до 400 маринци. Долг е 113 метри и има носивост до 1.500 тони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.