Руската армија без отпор влезе во украинскиот град Мелитопол, на југот од Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

По амфибискиот напад во регионот на населбата Азов, во Украина, руските единици вмаршираа и влегоа во Мелитопол без отпор, се наведува во соопштението на руското МО.

Би-Би-Си јавува дека на социјалните мрежи е објавена проверена видео снимка на која се гледаат борбите во Мелитопол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.